Што нуди SCOOBER?

ШЕТАЊЕ

Време е за размрдување.

Во зависност од вашите потреби, ни го препуштате миленикот за дневна прошетка во времетраење кое го одбирате при закажувањето термин. Нудиме 30,40 минутни и едночасовни прошетки, како и месечни претплати каде во точно определени термини се грижиме за дневната активност на миленикот.

Како функционира:

За нов корисник: 

Потполни формулар за шетање на куче и очекувај наш повик за да те имаме во предвид за наредните прошетки.

За стален корисник:

 Закажи термин кај твојот омилен шетач во регионот. Избери помеѓу 20 минути, 30 минути или 1 час и букирај ја твојата прошетка. Очекувај слики од твоето кутре додека ужива во прошетката.

ЧУВАЊЕ (во вашиот дом)

Услугата чување претставува посета и чување на твојот миленик во твојот дом.

И ветеринарите потврдија. Милениците нај удобно се чувствуваат во својот дом. Токму од тие причини, нашите згрижувачи би го посетиле вашиот миленик додека сте отсутни.

Услугата чување вклучува:

За кучиња – две прошетки во денот, една наутро и една навечер и 3 часовно гушкање и играње со вашиот миленик.

Снабување со вода и храна

Специјализирана нега по потреба (лекови, посебна исхрана)

Фото/видео апдејти за сопствениците

Сите детали околу чувањето може да ги договорите директно со чувачот. Термини и број на прошетки, термин за оброк како и бројот на гушки по барање ^_^

Како функционира:

Потполни формулар за чување на миленик и очекувај наш повик.

Откако ќе најдеме чувар за твојот термин, букирај го истиот и продолжи кон наплата на услугата.

СМЕСТУВАЊЕ (во домот на наш згрижувач)

Остави го твојот миленик на преноќување кај наш згрижувач.

Доколку треба да патувате, а не сакате да го оставате вашиот миленик во хотел за миленици и сакате да му пружите екстра комфор и 24 часа гушки и внимание, услугата сместување е токму за вас. 

Договори го редоследот на оброци, прошетки и целокупната рутина на миленикот директно со негувателот.

Како функционира:

Потполни формулар за сместување на миленик и очекувај наш повик.

Откако ќе најдеме чувар за твојот термин, букирај го посакуваниот термин и продолжи кон наплата на услугата.

КРАТКА ПОСЕТА

Супер опција за мачиња, папагалчиња и други видови на миленици на кои што не им се потребни дневни прошетки или целодневна грижа

Оваа услуга нуди една кратка посета во текот на денот додека сте отсутни. 

За тоа што очекувате од посетата (ставање храна и вода, чистење на кутијата со песок) договарате директно со негувателот. И нормално очекувајте слики и видеа во живо од вашите миленици.

Како функционира:

Потполни формулар за кратка посета на миленик и очекувај наш повик.

Откако ќе најдеме чувар за твојот термин, букирај го посакуваниот термин и продолжи кон наплата на услугата.

СТАНИ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА SCOOBER

Доколку си страствен љубител на домашни миленици и сакаш да запознаеш нови крзнени пријатели, аплицирај денес и стани дел од нашиот тим на шетачи и чувари. И нормално заработи екстра пари 🙂