ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Во Скубер Петс ДООЕЛ Скопје ( во понатамошниот текст како: SCOOBER), личните податоци ги обработуваме во целост согласно важечката регулативата за заштита на личните податоци.
Оваа Политика за приватност објаснува кои се личните податоци кои ги обработуваме кога користите некоја од нашите услуги и кои се Вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци.
При обработката на личните податоци се потпираме на начелата поврзани со обработката на лични податоци, како што се начелата на законитост, правичност и транспарентност; ограничување на целите; минимален обем на податоци; „точност“; „ограничување на рокот на чување“; „интегритет и доверливост“.
Во продолжение споделуваме информации за:
- Контролорот на личните податоци
Контролор: Скубер Петс ДООЕЛ Скопје
Седиште: Бул. 3та Македонска Бригада 70/1
Даночен број: 4032025565812
ЕМБС: 7831749
e-mail: [email protected]
Телефон: +389 77 952 692
Веб страница: www.scoober.mk
- Целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката
- SCOOBER врши обработка на личните податоци од веб страницата во согласност со законските основи за вршење на истата, и тоа со давање на согласност од Ваша страна за користењето на „колачиња“ на веб страницата.
- Лицата од кои собираме лични податоци
На веб страницата можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
– Посетители на веб страницата SCOOBER;
– Корисници на услугите на SCOOBER кои пополниле апликација.
- Категории на податоци кои се собираат и обработуваат
- Податоци за навигација ( колачиња)
При посетата на нашата веб страницата, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
– Вашата IP адреса;
– Тип на прелистувач;
– Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја
страна;
- Податоци во однос на и во врска со договорниот однос за користење на услугите на SCOOBER како што се
- податоци за идентификација (име и презиме);
- контакт податоци (место и адреса на живеалиште или престојувалиште, телефонски број и електронска пошта )
Примарен извор на лични податоци се податоците кои субјектите ги доставуваат при пополнување на Апликацијата за услуга.
Без податоци за идентификација, SCOOBER не е во можност да ги обезбеди соодветните услуги и да воспостави деловен однос со клиент.
SCOOBER овие податоци ги користи единствено за целите на обезбедување услуга на клиентот, а секогаш согласно прописите за заштита на личните податоци и со применување на сите начела за заштита на личните податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци.
- Податоци кои клиентите доброволно ги доставуваат преку е-маил
Лични податоци кои ги прибираме се и оние кои Вие доброволно ги доставувате во случај на испраќање на електронска порака директно на нашите е-маил адреси оставени како контакт на веб страницата.
Со испраќање на ваква електронска порака до нашите електронски адреси прибираме податок за Вашата:
- е-маил адреса;
- дополнително и други информации кои Вие доброволно сте ги споделиле со нас како содржина на електронската порака.
- Како ги собираме личните податоци
- преку Вашето користење на нашата веб страницата (колачиња)
- преку пополнување на Апликација од ваша страна за користење на услугите на SCOOBER
- преку испраќање на електронска порака од ваша страна директно на нашите електронски адреси
- Кога собираме лични податоци?
– кога ја посетувате и користите нашата веб-страница;
– ги користите нашите услуги;
– доставите директна електронска пошта до нашите е-адреси.
- Категории на корисници на лични податоци
- Активностите на обработка на лични податоци се извршуваат од страна на тимот на SCOOBER и лицата кои ќе ги пружаат услугите за кои аплицирате и тоа само во неопходен обем и само за целите на пружање на услугата.
- Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страницата, на трети лица – корисници, освен во случај на барање на АЗЛП, суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.
- Време (рок) на чување на собраните податоци
- Податоците кои ги собираме се чуваат и обработуваат во согласност со закон, не подолго од периодот потребен за постигнување на целта на обработката. По исполнување на целта односно веднаш по користење на услугата ги бришеме податоците.
- Како ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои се собираат преку нашата веб-страница и при пополнување на апликација за користење услуга, како и другите видови и начини на комуникација, ги обработуваме само кога имаме законска причина, цел и правен основ за тоа. Притоа, законитоста се утврдува врз основа на целите заради кои ги собираме Вашите лични податоци, а истата се обезбедува доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:
- Согласност- За да ги обезбедиме услугите на SCOOBER за вашето милениче потребно е да извршиме обработка на личните податоци кои ги внесувате во Апликацијата за користење услуги, за која цел потребна ни е Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци. Ве уверуваме дека вашите лични податоци кои ги користиме само за целите на обезбедување на услуга за вас. Согласноста се обезбедува со селектирање на опцијата пред самото испраќање на апликацијата. Апликацијата не може да се достави без селектирање на полето за согласност.
Исто така, согласност за обработката на Вашите лични податоци е потребна и за за цели на директен маркетинг, која се обезбедува со селектирање на опцијата доставена преку меил адреса —- по користење на услугата. Вие имате право да ја повлечете Вашата претходно дадена согласност за примање на овие пораки за директен маркетинг во секое време на едноставен начин, по што веднаш ќе запре обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
- Договор – За обезбедување на услугите на чување и шетање на вашето милениче потребна е да се изврши обработката на Вашите лични податоци за исполнување на договорот за користење услуга каде Вие сте договорна страна, или пак за да се преземат активности на Ваше барање.
- Безбедност на обработката на личните податоци
SCOOBER применува соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на Вашите лични податоци од нивна неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување
- Пренос на лични податоци
SCOOBER не врши пренос на лични податоци.
- Кои се Вашите права?
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие имате право:
- Да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- На пристап до личните податоци;
- На исправка и бришење на личните податоци;
- На ограничување на обработката на личните податоци;
- На приговор и
- на преносливост на податоците.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на [email protected].
- Поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека обработката која ја вршиме на Вашите лични податоци ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
- Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
- Начинот на заштита на податоци при вршење трансакција
При плаќањето со картичка преку интернет, внесот на податоците за картичката се врши на заштитена страница на банката. Сигурноста на податоците при плаќањето со картичка, ги гарантира процесорот на платежните картички на чии страници се извршува целокупниот процес на плаќања. Ниту во еден момент друштвото сцообер мк ниту пак Банката која овозможува прифаќање на платежните картички во име и за сметка на друштвото, нема пристап до податоците од вашата платежна картичка.
При внесувањето на податоците од платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколот и PKI системот, како моментално најсовремена технологија.
Сигурноста на податоците при купувањето, ги гарантира процесорот на платежните картички, така што комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на банката. Ниту во еден момент податоците за платежната картичка не се достапни во нашиот систем. Враќањето на средствата се врши исклучиво преку VISA и Maestro методата на плаќање, што значи дека банката на барање на друштвото може да изврши поврат на сметката на корисникот на платежната картичка.
Сите плаќања ќе бидат реализирани во локалната валута на Република Македонија – Денар (ден). За информативниот приказ на цените во други валути се користи средниот курс на Народната банка на Р Македонија. Износот за кој ќе биде задолжена вашата платежна картичка ќе биде изразен во локалнатa валута преку конверзија, по курсот кои го користат картичните организации, a кој нам во моментот на трансакцијата не може да ни биде познат. Како резултат на оваа конверзија постои можност за незначителна разлика од оригиналните цени наведени на нашиот сајт. Ви благодариме на разбирањето.