УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Датум на стапување на сила: (01.04.2025)
1. Вовед
Нашата посветеност за безбеден почеток и користење на услугите на SCOOBER, доаѓа со сет на обврски и очекувања од сопствениците и шетачите/згрижувачите, со цел да овозможиме најдобро можно искуство за милениците и секако корисниците на SCOOBER платформата.
Со резервирање на услуга за шетање или згрижување миленичиња преку нашата веб-страница, се согласувате да бидете обврзани со следните Услови и правила. Ве молиме прочитајте ги внимателно пред да ги користите нашите услуги.Секое непочитување на правилата или отстапка,ќе резултира со оневозможен пристап на платформата.
2. Услуги што ги нудиме:
Шетање на куче Чување на миленик Сместување на миленик Кратка посета
Нашата платформа има за цел да ги поврзе клиентите кои имаат потреба од некоја од услугите и оние кои ги даваат истите.
Деталите за обезбедените услуги ќе бидат однапред договорени преку вашата резервација, а сите конкретни барања или упатства мора да бидат откриени во тој момент во полето Дополнителен коментар.
3. Резервација, плаќање и рефундирање
Сите услуги мора да се резервираат однапред преку нашата веб-страница или преку директна комуникација.
За време на резервацијата, се врши целосна исплата во зависност од избраната услуга.
Цените за услугите се јасно наведени на нашата веб-страница и се предмет на промена без претходна најава. Секоја промена на цената ќе ви биде соопштена пред резервацијата.
Откажувањата направени 48 часа пред закажаната услуга се подобни на 100% рефундирање. Откажувањата направени во рок од 24 часа од услугата може да не се враќаат.
4. Одговорности на клиентот
Клиентите мора да се погрижат здравјето, потреби и однесувањето на нивното милениче да ни бидат целосно откриени во моментот на резервацијата.
Клиентите треба да дадат детални упатства за какви било потреби за нега (хранење, лекови, посебни барања) и информации за контакт за итни случаи за нивните миленици.
Домашните миленици мора да бидат тековно вакцинирани согласно правилата на ветеринарните институции.Може да се побара доказ за вакцинација пред извршување на услугата.
Одговорност на клиентот е да се погрижи миленичето да биде соодветно подготвено за да го прими нашиот тим (т.е. ремче, поводник, храна, лекови).
Доколку ја букирате услугата прошетка на миленик важно е вашето прво запознавање со шетачот да е лично за да миленикот се чувствува посигурно.
Истотака, одговорност на клиентот е да комуницира директно со тимот на SCOOBER, во спротивно доколку се оствари приватна комуникација со шетачот/чуварот, двете страни веднаш ќе биде отстранети од платформата.
Крајната цел ни е да се чувствувате безбедно и да му верувате да нашиот проверен тим.
5. Итни случаи
Во случај на итност, ќе вложиме максимални напори веднаш да ве контактираме. Ако не можеме да дојдеме до вас, може да побараме ветеринарна нега за вашето домашно милениче на ваш трошок. Запознавајќи се со овие Услови, нè овластувате да ги донесеме овие одлуки доколку е потребно.
6. Безбедност и Пристап до имот
За згрижувачот:
Во зависност од тоа за која услуга се работи,важно е да се запазат следниве детали.При услугата прошетка на миленик,истиот може да биде предаден од страна на клиентот или пак под точно определени инструкции,без негово присуство,го превземате лично вие. Целата прошетка се одвива строго на поводник,кој се става/вади исклучиво во домот на миленикот. Доколку клиентот не е присутен,шетачот е должен само да го остави миленикот, без никакво задржување ниту пак раздвижување низ домот. Дополнување вода или храна е дозволливо само по барање на клиентот.
Шетачот е должен при успешно завршена прошетката да испрати фотографија од миленикот до тимот на SCOOBER(кои секако ќе биде спроведени до клиентот) .
Бидејќи се грижиме и ја почитуваме нашата околина, по извршување на нужда, изметот уредно се собира од страна на шетачот и се фрла на определено место. За време на извршување на било која од услугите, шетачот/чуварот е должен да со исклучително внимание пристапува кон миленикот, што подразбира да не остварува близок и директен контакт лице в лице со миленикот (бакнување) како би се заштитил од негови непредвидливи реакции.
Доколку шетачот забележи некое нетипчно однесување, тегоби и општа потиштеност на миленикот должен е веднаш да го контактира тимот на SCOOBER.
Најважно, за време на прошетката, фокусот и вниманието е целосно ориентиран на миленикот и не се дозволени дополнителни дистракци кои што можат да ја загрозат неговата безбедност.
Кога станува збор за услугите чување и кратка посета, кои вклучуваат неколку часовно присуство на шетачот во домот на сопственикот, се очекува однесување кон истиот со максимална почит и внимание и постапување према насоките на клиентот. При напуштање,домот се остава исто како што е најден.
Одговорност на шетачот/чуварот е да комуницира директно со тимот на SCOOBER, во спротивно доколку се оствари приватна комуникација со клиентот, двете страни веднаш ќе биде отстранети од платформата.
За клиентот:
Вие како корисниците на нашите услуги, ни е важно да се чувствувате максимално безбедни и токму затоа ви го напоменуваме следново.За да ви ги овозможиме нашите услуги,потребно е да како клиенти обезбедите пристап до вашиот имот ( на пр. клучеви од домот,шифри за аларм,кодови на порта), притоа нашиот тим од згрижувачи, си ги добива сите инструкции преку нас, а вие е важно да точно и прецизно ги одредите чекори и правилата за влез во домот при букирање на услугата..Доколку сакате и имате потреба,ние ви нудиме и lockboxes во коишто можете да ги оставите клучевите од својот дом.Притоа, вие одбирате кое е најбезбедно место за поставување и си креирате пасворд за истиот.
Доколку пристапот не може да се обезбеди поради било која причина,го задржуваме правото да ја откажеме или презакажеме услугата.
Кога станува збор за услугите чување и кратка посета, се очекува на шетачот да му се обезбедени и задоволени основните потреби(вода,кафе,тоалет),а се она што клиентите сметаат дека како просторија не е потребно, нивно право е,а и наша препорака воедно,да биде заклучено.
Ваша задача која се однесува на сите четири типови на услуги е да обезбедите храна и вода за миленикот, која ќе биде означена дека е за миленикот што е гаранција дека истата е безбедна и квалитетна
Крајната цел ни е да се чувствувате безбедно и да му верувате да нашиот проверен тим.
7. Грижа
Искуствата преку користење на платформата SCOOBER,сакаме да се успешни и пријатни и за згрижувачите и за клиентите и токму затоа се трудиме да обрнеме внимание на сите детали и ситници за да избегнеме да се дојде и до најмала непријатност. Односот кон домот на клиентите е секогаш со максимално внимание и почит. Додека пак сопственикот е должен да зададе прецизни инструкции за да шетачот со леснотија ја изврши својата задача.
8.Сигурност
Точноста при извршување на услугите е од голема важност и за двете страни. Од страна на шетачот, негова обврска е да правилно си го распредели времето како не би имало доцнење на закажаниот термин, бидејќи тоа понатаму провлекува други проблеми, особено доколку се неколку прошетки по ред. Истото се очекува и од страна на сопствениците.Доколку шетачот не се појави на закажаниот термин, SCOOBER ќе се обиде да најде замена за истиот. Во случај да нема замена сопственикот добива целосен поврат на средствата за услугата која ја резервирал.
9. Однесување на домашни миленици
Го задржуваме правото да одбиеме услуга за домашни миленици кои покажуваат агресивно или опасно однесување кон нашиот персонал, другите миленичиња или јавноста. Може да ја прекинеме услугата во секое време ако домашно милениче стане премногу агресивно или опасно за време на шетањето или чувањето.
10. Фотографија и социјални медиуми
Со ваша дозвола, можеме да го фотографираме вашето домашно милениче за време на услугата. Овие фотографии може да се споделат на нашата веб-страна, социјалните мрежи или промотивни материјали. Доколку не сакате да се користат фотографии од вашето домашно милениче, ве молиме известете не писмено.
11. Престанок на услугата
Го задржуваме правото да ги прекинеме услугите во секое време, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: Доколку миленикот на клиентот претставува ризик за нашиот персонал или други миленици.
Ако се појават проблеми со плаќањето или не се почитуваат условите.
Доколку клиентот прекрши некој од Условите наведени овде.
12. Приватност и заштита на податоци
Ја сфаќаме вашата приватност сериозно. Сите лични податоци и податоци поврзани со домашни миленици собрани за време на процесот на резервација ќе се користат исклучиво за целите на обезбедување на договорените услуги. Ние нема да ги споделиме вашите информации со трети страни без ваша согласност, освен ако е потребно за законско усогласување. Сите детали се опширно и детално опфатени во делот Политика за приватност (Privacy Policy) на нашиот веб сајт.
13. Одговорност
Со користењето на услугите обезбедени од SCOOBER сте свесни дека услугите на шетање/чување на вашето милениче не е без ризици, кои може да вклучуваат и предизвикување материјална и нематеријална штета, како на миленичето и/или вашиот дом, така и на шетачот/чуварот.
Со прифаќањето на овие Услови, сте запознаени и согласни дека тимот на SCOOBER не е одговорен за било каква штета предизвикана на шетачот/чуварот и/или трети лица од страна на миленикот, за време на давање на услугите.
Со прифаќањето на овие Услови, сте запознаени и согласни дека тимот на SCOOBER не е одговорен за било каква штета предизвикана на миленикот за време на давање на услугите, од страна на шетачот/чуварот и/или трети лица.
Со прифаќањето на овие Услови, сте запознаени и согласни дека тимот на SCOOBER не е одговорен за било каква штета предизвикана на вашиот дом или простор за чување на миленичето, за време на давање на услугата, од страна на шетачот/чуварот и/или трети лица.
14.Измени на Условите
Можеме да ги измениме или ажурираме овие Услови во секое време, а таквите промени ќе бидат објавени на нашата веб-страница. Сите измени ќе бидат ефективни веднаш по објавувањето. Клиентите се охрабруваат периодично да ги прегледуваат овие Услови за да бидат информирани за какви било ажурирања.
15. Владејачки закон
Овие Услови се регулирани со законите на Република Северна Македонија, а сите спорови што произлегуваат од овие Услови ќе се решаваат во судовите на Република Северна Македонија.