ЧПП · Најчести прашања
Сè што треба да знаеш пред да ни го довериш миленикот.
Како ги избираме ситерите, како се плаќа, кои попусти важат автоматски и што се случува ако миленикот има потреба од ветеринар — сè на едно место.
48 ч
Бесплатно откажување до 48 часа пред терминот
10%
Автоматски попуст за сместување над 7 дена
40%
Автоматски попуст за 2 или повеќе миленици
За платформата и сигурноста
Плаќање, откажување и рефундирање
Автоматски попусти
За долг престој и повеќе миленици — без код, системот ги пресметува сам.
Пакет услуги
Корисниците со редовни потреби можат да изберат однапред дефинирани пакети со попуст. За кучиња се нудат пакети за дневни прошетки, а за мачиња и помали миленици се наменети пакетите за кратки посети во нивниот дом. Дополнително е достапен и специјален викенд престој.
Премиум услуга
Свадбен пакет
Оваа услуга е специјално креирана за да можете целосно да се опуштите на вашиот важен ден, знаејќи дека вашето милениче е во сигурни раце и е дел од прославата.
5.500 ден
фиксна цена · едно ноќевање
Што сè е вклучено во „Свадбениот пакет“?
Подигање на миленикот директно од вашата домашна адреса.
Безбеден транспорт на животното до црквата или до местото на матичната церемонија.
Комплетно присуство, грижа и надзор над миленикот за време на свадбената фотосесија.
Престој со преспивање во домот на вашиот омилен проверен ситер.
Организирано враќање на миленичето наредниот ден назад до вашата адреса.
Здравствена грижа и ветеринарни случаи
Се надеваме дека никогаш нема да ни треба — но ако треба, имаме јасен план.
Имаш уште прашања?



