Пакети · Заштеди до 10%
Повеќе дружење, помалку трошоци.
Избери пакет за сместување или прошетки, плати еднаш и заштеди — термините ги договараш со твојот SCOOBER ситер.
Избери пакет
Пакети за прошетки и кратки посети
Кратка посета
Кратки посети во твојот дом
Твоето милениче останува во својата безбедна средина додека те нема — освежување со храна и вода, чистење и фото апдејти при секоја 30-минутна посета.
Заштеди до 10%Што е вклучено
Посети во твојот дом со времетраење од 30 минути
Оброци, свежа вода и лекови по твој распоред
Чистење на песок, кавез или подлога
Внимание, игра и фото/видео апдејти од секоја посета
Цената на посетата е иста за сите миленичиња. Пакетот од 5 посети вклучува 5% попуст, додека пакетите од 10 и 20 посети вклучуваат 10% попуст во споредба со поединечни посети.
Прошетки
Прошетки од 30 минути
Ист шетач во твојот кварт, термини по договор и слики од секоја прошетка.
од 360 ден / прошеткаШто е вклучено
Прошетки од 30 минути со ист шетач
Подигнување и враќање од дома
Термини по договор, и викенди
Слики и краток апдејт по секоја прошетка
Свежа вода и чистење шепи по прошетката
Колку повеќе прошетки, толку помала цена: 380 ден по прошетка во пакет од 20, 360 ден во пакет од 40 (наместо 400).
Свадбен пакет
Твоето милениче на твојот најважен ден
Вашиот миленик заслужува да биде дел од свадбената магија. Ние се грижиме за секој детал — од безбеден транспорт и надзор за време на фотосесијата, па сè до преспивање кај ситер.
Што е вклучено
Подигање на миленикот директно од вашата домашна адреса
Безбеден транспорт до црквата или до местото на церемонијата
Присуство, грижа и надзор за време на свадбената фотосесија
Престој со едно преспивање во домот на омилениот проверен ситер
Организирано враќање на миленичето наредниот ден до вашата адреса
За настани надвор од градот, цената се прилагодува во зависност од локацијата или се обезбедува транспорт за ситерот од страна на клиентот.
Како функционира



