Нашите услуги
Што нуди SCOOBER?
Прошетки, дневна грижа, сместување со преноќување и кратки посети – со проверени ситери низ цело Скопје. Избери ја услугата што му одговара на твојот миленик.

01 · 30 мин / 40 мин / 1 час
Дневна прошетка
Време е за размрдување.
Во зависност од вашите потреби, ни го препуштате миленикот за дневна прошетка во времетраење кое го одбирате при закажувањето термин. Нудиме 30, 40 минутни и едночасовни прошетки, како и месечни претплати каде во точно определени термини се грижиме за дневната активност на миленикот.
Како функционира
02 · 4 часа · во домот на наш ситер
Дневна грижа
Дневната грижа е идеална за миленици кои не треба да остануваат сами подолго време. Додека вие сте на работа или имате обврски, вашиот миленик ќе помине време во безбедна домашна средина со нашиот ситер.
Што вклучува
Ситерот се грижи вашиот миленик да се чувствува опуштено, безбедно и сакано, исто како дома.


03 · 24 часа · со преноќување
Сместување
Оставете го вашиот миленик на преноќување кај наш ситер. Нашата услуга за сместување на миленици му нуди на вашето домашно милениче безбедна, љубезна и домашна средина додека сте отсутни. Без разлика дали станува збор за викенд патување или продолжен одмор, ние се однесуваме кон вашиот крзнен член на семејството како кон еден од нашите – со удобност, грижа и многу мавтање со опашката!
Што вклучува
04 · 30 минути · мачиња, папагали, зајачиња
Кратка посета
Супер опција за мачиња, папагалчиња и други видови на миленици на кои што не им се потребни дневни прошетки или целодневна грижа. Оваа услуга нуди една кратка посета во текот на денот додека сте отсутни. За тоа што очекувате од посетата (ставање храна и вода, чистење на кутијата со песок) договарате директно со негувателот.
Што вклучува

Ново: SCOOBER Свадбен пакет 💍
Не си сигурен која услуга му треба на твојот миленик?
Јави ни се и заедно ќе ја најдеме вистинската грижа и вистинскиот ситер во твојот реон.



